Црна хроника
Над 190 стебла канабис искорнати во велешко
Две лица од велешкото село Клуковец се притворени откако во близина на нивен објект е откриен насад од марихуана со вкупно 191 стебло со големина од еден до четири метри.
Стеблата се откорнати и ќе бидат предадени за вештачење на Одделот за крим.техника при Министерството за внатрешни работи, информираа во саботата од Министерството за внатрешни работи.
Претходно во саботата со обезбедена Наредба од надлежен судија, извршен е претрес во домот и помошни простории кај две лица од село Клуковец. При претресот пронајдено е и одземено едно огнено оружје пиштол калибар 6,35мм за кое лицата немале одобрение за поседување.
Во непосредна близина на објектот каде бил вршен претресот пронајден е насад од марихуана- вкупно 191 стебло со големина од еден до четири метри. Стеблата се откорнати и истите ќе бидат предадени за вештачење на Одделот за крим.техника при Министерството за внатрешни работи.
Во врска со настанот, две лица од село Клуковец се лишени од слобода и задржани во Полициска станица Велес. Се преземаат мерки за утврдување на поврзаност на лицата со пронајдените насади марихуана./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

