Црна хроника
Надзорник во затворот Идризово препродавал хероин
СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија со дрога поднесе кривична пријава против 37-годишниот И.Н. од Скопје, поради поради постоење основи на сомнение дека во текот на месец октомври 2016-та година неовластено набавил поголема количина наркотична дрога хероин, која ја препакувал во 27 полиетиленски паковки со намера да ја продава на уживатели во затворот, со што сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
За стореното кривично дело предвидено и казниво по член 215 од КЗ, судија на претходна постапка на И.Н. му одредил мерка притвор во траење од 30 дена. Имено при превземањето мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога во соработка КПУ „Идризово“ било дојдено до сознание дека пријавениот, инаку вработен како надзорник во КПУ „Идризово“, во текот на месец октомври 2016-та година, од засега непознато лице набавил поголема количина на хероин која ја чувал во својот дом, каде ја препакувал во помали количини по што ја внесувал во затворот и ја продавал на уживатели.
По потврдувањето на сознанието, на 6-ти октомври од страна на вработени во КПУ „Идризово“, при пристигнување на работа на И.Н. му било соопштено дека ќе му се изврши личен претрес, на што истиот не се согласил и со вербални напади ги спречувал службените лица од КПУ да го претресат, при тоа успевајќи да дојде до задната врата и од под пантолоните да извади една најлонска ќеса која преку решетката успеал да ја фрли во дворот од затворот.
Од страна на службени лица од КПУ „Идризово“ било извршено пребарување во непосредната околина при што била пронајдена една најлонска ќеса во која имало 27 полиетиленски кесички со прашкаста материја.
Од извршениот увид на местото на настанот и вештачењето на подигнатиот доказен материјал било утврдено дека пронајдените 27 полиетиленски кесички со прашкаста материја со вкупна нето маса од 124,82 грама се наркотична дрога хероин, по што со наредба од судија на претходна постапка, во домот на И.Н. извршен бил претрес при што биле пронајдени една рамка за пиштол, еден куршум со ознака ППУ 7,62 TT и една службена легитимација. Во извршениот разговор И.Н. пред полциските службеници не дал појаснување од кого ја купил наркотичната дрога-хероин, на кого ја продавал и по која цена./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнати деца на училиште, во автобус, градинка – во Скопје пријавени повеќе случаи на насилство со малолетници за еден ден
Во текот на вчерашниот ден во полицијата биле пријавени неколку случаи на физички напади, најголем дел врз малолетни лица, кои се случиле на различни локации во главниот град. Надлежните служби преземаат мерки за расчистување на сите случаи.
Напад во автобус на ЈСП
Татко пријавил дека вчера неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници од селото Батинци, додека се возел во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие на подрачјето на Драчево.
Младо момче нападнато од малолетници
Дваесет и шест годишниот С.Т. Зелениково пријавил дека околу 23:10 часот, во паркот во село Пакошево бил физички нападнат од двајца малолетници, кои употребиле тврд предмет. Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Инцидент во средно училиште во Центар
Во 21:15 часот, Ж.П. (47) од Скопје пријавил дека околу 12:00 часот, во двор на средно училиште на подрачјето на Центар, неговиот 16-годишен син бил нападнат од друг ученик.
Напад во градинка во Чаир
Во 13:00 часот, Н.Ќ. (49) од с. Страхојадица, општина Зелениково, пријавил дека околу 12:30 часот, во двор од градинка на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку други малолетници.
Напад во Кисела Вода
Во 22:30 часот, Н.Ц. (46) од Скопје пријавила дека околу 20:30 часот, нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од женско лице на подрачјето на Кисела Вода.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за сите случаи се преземаат мерки за расчистување.
Црна хроника
Возило удри во 7-годишно девојче во Куманово, со повреди донесено на Клиника
Во текот на вчерашниот ден на булеварот Октомвриска Револуција во Куманово, автомобил „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки удрил во седумгодишно девојче од Куманово.
Како што соопшти МВР, возилото го управувала 23-годишната С.В. од Куманово.
Во несреќата девојчето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила полициска екипа.
Црна хроника
(Фото) Експлозија во куќа во охридско, тешко повредено едно лице
Едно лице е повредено во експлозија што се случила денеска во охридското село Велгошти, информира територијалната противпожарна единица Охрид.
„Во текот на денешниот ден ТППЕ Охрид , интервенираше на санирање на последиците од разорна експлозија во куќа во Охрид,с.Велгошти. Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови ( плин ) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е и 1 жена која е преземена од екипите на брза помош“, соопшти противпожарната служба.
Од полицијата соопштија дека пожарот се случил околу 11 часот и дека тешко е повредена 44-годишна жена.
„На 06.02.2026 година во 10.58 часот, во СВР Охрид е пријавено дека избувнал пожар во куќа во охридското село Велгошти при што, Е.Т.Ѓ.(44) од истото село се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот“, соопшти СВР Охрид.

