Црна хроника
Нападнати и ограбени маж и Белгијка на улица во Чаир
Разбојници нападнале и ограбиле еден маж и една белгиска државјанка на две различни локации во скопската населба Чаир, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Разбојништвата се случиле во различни денови и тоа првото на 28-ми јуни околу 18,40 часот, на булевар „Македонско-косовска бригада“ кога Ф.Ш. (27) го нападнал лицето С.П., при што му одзело пари, мобилен телефон и лични документи, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 22 илјади денари, а притоа му нанело и тешки телесни повреди.
Второто разбојништво се случило по два дена, односно на 30-ти јуни, во 23,00 часот на ул. „Цветан Димов“. Напаѓачот И.Н. (28) физички ја нападнал А.Т.(61) државјанка на Белгија, при што и одзел ташна во која имало мобилен телефон, пари и лични документи, сé заедно во вредност од 15.000 денари. Нападнатата жена од ударот во пределот на лицето паднала во бесознание.
Против двајцата разбојници СВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“, а од страна на судија им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.