Црна хроника
Насилници ограбиле, претепале и повредиле две лица во Старата скопска чаршија
Едно лице е повредено со остар предмет, а друго заработило скршеница на носот откако биле нападнати од неколку непознати лица ноќта меѓу сабота и недела во Старата скопска чаршија.
Како што соопшти полицијата, од страна на неколку непознати лица извршено е разбојништво над Б.Б. и Ј.А., при што од Б.Б. биле одземени 2.000 денари. Имено, лицата физички ги нападнале оштетените, при што на Ј.А. му нанеле убодна рана од остар предмет и истиот е пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му е констатирана телесна повреда, а Б.Б. е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ Скопје, каде му е констатирана скршеница на носот.
Истиот период малолетник бил претепан и ограбен наспроти ГТЦ, соопшти полицијата.
Според истиот извор, неколку непознати лица co закана со физичка сила, извршиле разбојништво над Р.Д.(15) од Скопје при што му одзеле златен ланец со приврзок и златен крст. Разбојништвото сторителите го извршиле на тој начин што го удриле оштетениот со тупаница во пределот на левата слепоочница, го турнале на земја и еден од нив му го скинал ланецот и се одалечиле во непознат правец.
Во двата случаја полицијата трага по сторителите. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

