Црна хроника
Неготинец криумчарел мигранти од Авганистан и Пакистан

Во саботата околу 7 часот na автопатот Гевгелија – Скопје во близина на раскрсницата за Велес – Штип, од страна на полициски службеници било сопрено возило марка „опел сенатор“ со велешки регистарски ознаки, управувано 19-годишниот К.Ѓ., а по извршениот преглед во возилото биле пронајдени девет лица, мигранти од Авганистан и Пакистан.
Заради расветлување на настанот, македонскиот државјанин бил лишен од слобода и приведен во полициската станица во Велес. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на сторители на казнени дела од областа на организираниот криминал и корупција Скопје.
Против К.Ѓ. е поднесена кривична пријава поради основи на сомневање за сторено кривично дело„криумчарење мигранти”. Истиот е спроведен до ОЈО и ОСС-1 во Скопје. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка куќен притвор, соопштуваат од МВР./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.