Црна хроника
Негувателка истурила врело кафе врз лицето на едно од децата
Негувателка во градинка истурила врело кафе врз лицето на едно од децата во постарата предучилишна група.
Инцидентот го пријавила мајката на детето во вторникот во 16.20 часот, а според пријавата на мајката, се случил истиот ден околу 12.30 часот во градинката „Срничка“, во објектот „Чекорче“, во скопската населба Аеродром.Засега непознатата негувателка истурила кафе врз лицето на детето додека тоа лежело во неговото креветче. Детето се здобило со изгореници од прв степен во пределот на очите и левата јаболчница. Од страна на родителот детето било однесено на лекарски преглед во Детска хирургија-Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возачот кој удри во тинејџер во Битола се пријавил во полицијата
Дваесет и двегодишно момче управувало со возилото кое вчеравечер околу 3 часот по полноќ удри во 17-годишник кој се здоби со тешки повреди.
Возачот утрото во 7.20 часот самиот се пријавил во полицијата, соопшти МВР. Се работи за момче од битолско, кое управувало автомобил со германски национални ознаки.
Со него од страна на полициски службеници извршен бил службен разговор.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Автомобил на бугарска фирма ограбен во Скопје, украдени лаптоп и 12.000 евра, фатени две лица
Скопското обвинителство поведе постапка против две лица на возраст од 22 и 30 години за тешка кражба.
Двајцата на 10 јануари, на паркинг на булеварот Илинденска, со тврд предмет го скршиле задното стакло на паркиран автомобил со бугарски регистарски ознаки. Додека едниот преку отворот влегол во возилото, другиот внимавал да не наиде некој.
Од автомобилот „БМВ“ во сопственост на бугарска фирма, кој го управувал бугарски државјанин, двајцата осомничени украле ташна со лаптоп, 12.000 евра и други предмети, по што избегале со сопствено возило, велаат од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог со кој побара двајцата осомничени во текот на постапката да бидат обезбедени со мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, привремено одземање на патната исправа и обврска да се јавуваат на определено службено лице во Судот.
Црна хроника
Педесетгодишен скопјанец ги нападнал и повредил своите родители
Полицијат приведе 50 годишен жител на струмичко село кој вчера околу 16.00 часот во неговиотт семеен дом физички ги нападнал неговите родители, нанесувајќи им телесни повреди.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител.
По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.