Црна хроника
Неколкумина сериозно повредени во три сообраќајни несреќи
Четири лица се потешко повредени во три сообраќајни несреќи кои се регистрирани во текот на саботата, информираше Министерството за внатрешни работи.
Околу 15,50 часот во Струмица, на булеварот „Гоце Делчев“ се судриле автомобил БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од 38-годишниот П.Ј. од Струмица и автомобил „Пежо 307“ со струмички регистарски ознаки управувано од 35-годишниот И.Д. од селото .Дабиље, струмичко.. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од „пежото“, 68-годишнат З.Д., по што во Медицинскиот центар Струмица ѝ била укажана лекарска помош и била задржана за натамошно лекување.
Во саботата, исто така, во 16,35 часот на регионалниот пат Карбинци – Штип, се случила сообраќајна незгода меѓу „фолксваген голф“ со штипски таблички кој го управувал 26-годишниот В.М.(26) од Штип и „сеат толедо“, исто така, со штипски ознаки управувано од 42-годишниот Ц.Н. од Пробиштип. Во судирот со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката во „сеатот, 61-годишната К.Г., кои со возило на брзата помош се пренесени во Клиничкиот центар Штип каде им била укажана лекарска помош и се задржани на натамошно лекување, но поради сериозноста на повредите возачот подоцна е пренесен на скопските клиники.
Ноќта кон неделата, околу 1,12 часот во центарот на Скопје, на крстосувањето на булеварот „Илинден“ со булеварот „Св. Климент Охридски“ се судриле „мерцедес“со скопски ознаки, кој го управувал 27-годишниот А.Д. од Скопје и „фиат стило“ со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од Д.Ј. (26) од Крива Паланка. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Д. кој бил пренесен и задржан на „КАРИЛ“ при Клиничкиот центар./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

