Црна хроника
Невнимание при ракување со експлозив, причина за несреќата во рудникот
Невнимание при ракување со експлозив од страна на еден од рударите е причина за несреќата што се случи утрово во рудникот „Индоминерали и метали“ во селото Добрево, Пробиштип, информираат од компанијата.
Двајцата повредени рудари се надвор од животна опасност, едниот од нив се задобил со потешки телесни повреди, додека другиот има полесни повреди.Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов изјави дека доколку се утврди било какво непочитување на законот ќе бидат преземени конкретни мерки против сторителот. „Државниот инспекторат за труд ја проверува настаната ситуација во рудникот Добрево и во текот на следната недела се очекуваат повеќе детали“, изјави Спасов.Во експлозија што настана во рудникот „Индоминерали и метали“ беа повредени четириесет и двегодишниот Д.З. и четириесет и деветгодишниот З.Т. од Пробиштип./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

