Црна хроника
Обука за сообраќајната полиција за вршење увид во сообраќајки
Практична обука за Процедури за вршење увид во сообраќајни несреќи се одржа деновиве во Центарот за обука во Идризово во рамки на проект финансиран од ЕУ.
Практична обука за Процедури за вршење увид во сообраќајни несреќи се одржа деновиве во Центарот за обука во Идризово во рамки на проект финансиран од ЕУ.
Покрај увид во регуларните сообраќајни несреќи кои најчесто се случуваат, програмата на обуката опфати и процедури за увид во сообраќајни несреќи кои вклучуваат возила за пренос на опасни материјали, несреќи кои вклучуваат возила за придружба, студии на случај за фингирани сообраќајни несреќи и несреќи со бегство од местото на настанот, дигитална форензика, подготовка на извештаи за сообраќајни несреќи во согласност со најдобрите европски практики, како и практична вежба со реконструкција на сообраќајна несреќа.
Обуката ја спроведуваат двајца сообраќајни полицајци од Словенија со долгогодишно практично искуство, Тине Превец и Рајко Симшиќ.
Во обуката беа вклучени 31 полицаец од Скопје, Битола, Тетово, Штип, Охрид, Велес, Струмица и Куманово, како и од Секторот за сообраќајни работи и од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.
Оваа обука се очекува да придонесе кон унапредување на стандардните оперативни процедури и да ја подобри работата на тимовите за увид во сообраќајни несреќи. Воедно ќе ги зајакне капацитетите на сообраќајните форензичари во утврдувањето на причинско-последичните врски при сообраќајни несреќи.
Оваа обука е прва во серијата обуки предвидени во рамките на овој проект кои ќе се спроведуваат во текот на 2016 година, а кои ќе ги опфатат скоро сите сектори на Бирото за јавна безбедност. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Охриѓанец претепал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син
Синоќа во Охрид во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа
Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид.
Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.
Црна хроника
Приведен неготинец во Струга: осуден бил на четири ипол години казна затвор за „криумчарење мигранти“
Вчера во 13:35 часот на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа С.Д.(33) од Неготино.
Приведувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основен суд Неготино за доиздржување на затворска казна во траење од четири години и шест месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на казната.

