Контакт

Црна хроника

Обвинителство: Не е точно дека водачите на групата биле отпосле убиени, немало потреба

Објавено пред

Обвинителката во случајот „Дива населба“, во којшто им се суди на 29 лица за тероризам, категорично негира дека не е точно дека дел од водачите на групата, меѓу кои Мирсад Ндрецај и Бег Ризај и уште двајца други биле убиени отпосле, во полициска станица, како што тврдеа дел од обвинетите.

dobivaj vesti na viber

„Апсолутно не е точно дека биле ликвидирани. Во наодите за обдукција пишува колку рани, какви рани имале, од која далечина е пукано, а имаме и заштитени сведоци кои учествувале директно во престрелката. Немало потреба тие да бидат ликвидирани, не биле само тие главните на групата. На одбраната и обвинетите може законот да им дозволува што сакаат да кажат, доказите се поинакви. Се работи за шпекулации. Мотивот е уставно загрозување на безбедноста на Македонија“, изјави обвинителката во случајот Вилма Русковска, заедно со нејзиниот колега Наум Пановски.На минатите рочишта дел од обвинетите тврдеа дека водачите на групата биле убиени во Полициска станица откако се предале за да не кажат што точно се случувало. На денешното судско рочиште сведочеа тројца сведоци, една жителка на кумановската „Дива населба“ и сопругата и ќерката на обвинетиот, Фадиљ Фејзулаху.Според обвинителството, Фејзулаху директно учествувал во нападите и бил фатен со првата поголема вооружена група, односно при апсењето на командант Соколи, Сами Укшими, командант Малишева и бил ранет при акцијата. Според официјалните податоци  кои ги има обвинителството од катастарот во Куманово, куќата во којашто била сместена групата на улицата „Перо Илиевски“ во „Дива населба“ била во сопственост на Фејзулаху. Неговата ќерка и сопруга во денешното сведочење тврдеа дека полицијата на 9 мај влегла во куќата во којашто живееле на Романовски пат, го барала нивниот татко и ги малтретирала. Ќерката на Фејзулаху, Артизана потврди дека пред четири години живееле во куќата на „Перо Илиевски“, но заедно со нејзината мајка не знаеле зошто полицијата дошла во куќата којашто се наоѓала на три километри оддалеченост од Куманово.Обвинителката Русковска, пак, рече дека полицијата влегла во оваа куќа бидејќи имале сознанија дека дел од групата била сместена таму и полицијата со налог влегла да бара припадници на групата и оружје.

Сопругата и ќерката на Фадиљ Фејзулаху, кои беа повикани како сведоци на обвинителството тврдеа дека полицијата ги тепала нивниот чичко и неговите синови, како и синовите на Фадиљ Фејзулаху, а на жените им викале, ги пцуеле и им се обраќале со погрдни зборови, ја скршиле вратата, пукале, а бабата, мајка на Фадиљ, која била болна, починала еден месец по настанот од траумите кои ги доживеала.„Ги тепаа моите двајца синови, ја скршија вратата, пуштија нешто како дим, ние станавме од викотниците“, рече Фикрие Фејзулаху, сопругата на Фадиљ. Таа тврдеше дека полицајците пукале во воздух и ги прашувале дали имаат злато и дрога.Полицијата дошла во нивната куќа околу 5 часот, потоа ги однеле во полициска станица и ги држеле 24 часа. Ниту Артизана, ниту сопругата на Фадиљ не знаеја каде бил нивниот татко и сопруг.„Татко ми има фамилија, има друштво, оди во кафеана, но татко ми не ни кажува кај оди“, рече ќерката Артизана. „Мојот сопруг беше излезен кај братучедите, не знам точно кои. Сум немала право да го прашам каде е “, рече сопругата на Фадиљ. „До денот кога се случи настанот слободно се движевме, да знаевме дека ќе се случи вакво нешто, ќе си заминевме“, рече Артизана. И таа и мајка и  рекоа дека Фадиљ се занимавал со земјоделие, но не кажаа точно со што, одгледувал крави и кози. Сопругата на Фадиљ била од Косово и често оделе таму, но Фадиљ никогаш не одел во Косово сам, без семејството. Жителката на кумановската населба каде што се случи судирот не знаеше ништо што се случило. Кажа дека претходната вечер била излезена и не видела ништо невообичаено. „Ништо не видов, слушав само пукотници“, рече сведокот.

На судењето требаше да сведочи уште една жена од кумановската населба, но беше констатирано дека жената има психички проблеми и не може да сведочи.Според адвокатот на дел од обвинетите, Насер Рауфи, полицијата без никаква контрола и без план и секаде каде што влегувала оставила големи последици. „Не само физички, туку и трауми имаат. Брутално постапувале, немале никаков документ и барањето злато или дрога е алиби. Полицијата сакала само да предизвика поголем конфликт“, изјави Рауфи. Тој тврди дека не е утврдена сопственоста на куќата за која обвинителството тврди дека има докази дека била на Фадиљ.Судењето продолжува на 2 март со докази на обвинителството. Денешното судско рочиште новинарите го следеа во посебна просторија во судот преку видео врска со судницата. На минатото рочиште во судницата имаше место за ограничен број на новинари, па новинарите се солидаризираа и го бојкотираа рочиштето.Судењето се одвива со огромно присуство на полиција во градот, хеликоптери и оклопни возила. Во судирот во „Дива населба“ во мај минатата година загинаа осум полицајци и десет припадници на вооружената група./крај/ффс

Црна хроника

Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод

Објавено пред

Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.

По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пријавени тепачки во Шуто Оризари

Објавено пред

Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).

Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево

Објавено пред

Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет33 минути

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет2 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет6 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет7 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет10 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет11 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет11 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет11 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет12 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет12 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија13 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет13 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет13 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет16 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија17 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет17 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет22 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет23 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија1 ден

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет1 ден

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...