Црна хроника
Ограбена албанската Народна банка – седуммина во притвор
Повеќе од седум милиони долари биле украдени од Народната банка на Албанија, од страна на вработени, а албанската полиција веќе притвори седуммина високи раководители на банката.
Повеќе од седум милиони долари биле украдени од Народната банка на Албанија, од страна на вработени, а албанската полиција веќе притвори седуммина високи раководители на банката.
Според информациите на албанското МВР, во Народната банка на Албанија имало бројни пропусти во работењето. Адрија Битрај е главниот крадец на големите суми на пари од банката, заедно со уште неколку негови соработници. Истрагата покажала дека дел на парите веќе се изнесени во странска банка, и покрај тоа што извесниот Битрај е познат како коцкар.
Во Тирана се одржуваат протести на кои се бара итна оставка и на гувернерот на албанската Народна банка Ардијан Фулани, а демонстрантите наведуваат дека големото богаство на гувернерот доволно говори и за неговите малверзации во банката.
Според албанските медиумите во банката се вработени голем број блиски роднини и пријатели на сегашните и поранешните високи функционери во Владата и други државни институции./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

