Црна хроника
Ограбени две куќи во Битола, однесени девизи, злато, оружје…
Девизи, златен накит и оружје биле одземени во две одделни кражби во Битола, соопшти полицијата.
Во периодот од 20.30 до 01.30 часот во Битола на ул.„Буковски мост“, во куќата сопственост на В.Ш. (57), непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот на непознат начин влегол во куќата и, без да пребарува, од подрумот од две тегли одзел 8.000 швајцарски франци. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. Во периодот помеѓу 20.30 часот на 09.09.2016 година до 01.30 часот на 10.09.2016 година во Битола на ул.„Лавчански пат“, во куќа сопственост на К.С., непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот насилно ја отварил влезната врата, влегол во куќата и одзел поголема количина златен накит, разни валути и пиштол марка „Парабел“ калибар 9мм, кој сопственикот го поседувал со дозвола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случаите. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе
Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот, во семејниот дом физички го нападнала своето шестмесечно бебе.
Бебето било итно пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана лекарска помош.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Жена од Кратово нападнала вработени во Центарот за социјални работи
Полицијата во Кратово поднесе кривична пријава против Е.М. (38) од овој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти МВР.
На 3 октомври 2025 година, во Кратово, пријавената со дрвен предмет се обидела да нападне вработено лице во Јавната установа „Центар за социјални работи“ – Кратово, а упатувала и закани кон други вработени во установата додека ги извршувале своите работни задачи.
Топ
Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром
Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“ изгубил контрола и удрил во контејнери и во паркирано возило алфа Ромео. Осомничениот, 22-годишниот М.А.А. од Турција со привремен престој во Скопје, избегал од местото, јави Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, настанот се случил вчера во 22:50 часот. Полицијата го лоцирала возачот по кратка потера и го привела. При алкотест му биле измерени 0,97 промили алкохол во крвта, а по распитот бил изнесен пред судија за прекршоци.
Осомничениот се товари за 3 прекршоци, недозволена брзина, напуштање на лице место и возење под дејство на алкохол.

