Црна хроника
Опожарени две возила во Ново Лисиче
Две возила се опожарени во скопската населба Ново Лисиче, ноќта во вторникот кон среда, а во инцидентот нема повредени, соопштува полицијата.
Како што велат од МВР за „Макфакс“, две возила и тоа џип „Гранд Чероки“ и автомобил „Фиат уно“, биле опожарени триесетина минути по полноќ, на паркинг простор на булеварот „Видое Смилевски – Бато“, во Ново Лисиче.Џипот „Гранд Чероки“ е во сопственост на Г.Д. (1978) и е со скопски регистарски таблички, а „автомобилот „Фиат уно“ исто така со скопски регистарски таблички е во сопственост на А.М. (1983).Полицијата во текот на денот врши увид са причините на опожарувањето како и на начинот на кој тоа е извршено, но од полицијата ја отфрлија можноста дека е подметната бомба под џипот, како што пишуваа некои медиуми./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

