Црна хроника
Основното јавно обвинителство Гостивар нареди подигнување на коските од пештерата Череп, кичевско
По анонимна дојава дека во пештера меѓу селата Тајмиште и Бачишта, во кичевско, над Бачишка Река има човечки черепи, основниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар издаде насоки за обезбедување на оперативна проверка за место положбата на пештерата позната кај локалното население како Череп.
По добивање на оперативните сознанија од страна на Министерството за внатрешни работи, односно Полициската станица Кичево, во текот на петокот основниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во придружба на началниците на Одделенијата за крим техника од Скопје, Охрид и Кичево, како и на полициски службеници од киечвската полциија излезе на увид.
Увидот траел до вечерните часови и поради стемнувањето истиот продолжи во саботата. По Наредба на јавен обвинител за потребите на истрагата на увидот беа присутни и претставници од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, Крим техника од Охрид и Кичево, експерти од крим техника од Скопје и претставници од специјалната единица за потраги при Министерството за внатрешни работи.
Во пештерата, која има неколку краци, пронајдени и подигнати се неутврден број човечки черепи и коски. Истрагата продолжува во наредните денови, пештерата по наредба на јавен обвинител ќе биде непрекинато обезбедена сé до отповикување на наредбата.
За секое ново сознание што нема да ја попречи истрагата, Основното јавно обвинителство – Гостивар ќе ја информира јавноста./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

