Црна хроника
Откриена фабрика за производство на фалсификувани патики
Царинската управа откри фабрика за целосно производство на фалсификувани спортски обувки од познати брендови.
По претходно добиена разузнавачка информација дека во подрумски простории во општина Чаир во Скопје постои работилница во која неовластено се изработуваат брендирани патики, по неколкумесечна интензивна истрага инспекторите од Одделението за истраги преземаа оперативни мерки и активности за откривање и фаќање на сторителите. Работилницата функционирала на принцип на повремено производство, односно по неколку дена во неделата, обично пред пазарни денови, со цел да не биде воочливо работењето. Просторијата била користена по договор за закуп, но била злоупотребена за недозволено производство.во четвртокот, по добиена наредба за претрес од судија во претходна постапка при Основниот суд Скопје 1, извршен е претрес и во работилницата се затекнати лица кои изработувале обувки, како и поголема количина готови обувки спремни за испорака на купувачи. Покрај готовите производи пронајдени се и повеќе машини на кои е вршено производството.При извршениот претрес, пронајдени се 154 пара готови обувки со лого на познати трговски марки.Покрај готовите производи, откриени се обувки во фаза на изработка, како и големо количество репроматеријал за изработка на спортски обувки, како етикети, апликации, горништа, ѓонови, од кои би се произвела поголемо количество обувки.Производите и машините се привремено одземени, а по комплетирање на сите докази, Царинската управа на Република Македонија против осомничените ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма”.Исто така, во средата, на царинската испостава Богородица, при контрола на стока со потекло од Грција пријавена во транзитна царинска постапка, наменета за увозник од Словенија, царинските службеници пронајдоа и привремено задржаа 530.640 парчиња (585 кутии) стикери, хартиени карти и детски играчки – колички, под основано сомневање дека повредуваат право од интелектуална сопственост на познати трговски марки. Царината открила и 300 грама марихуана при контрола на скопски автомобил на граничниот премин Ново Село. Дрогата била најдена во сокриена во пределот околу стомакот под фармерките. Во текот на службениот разговор, лицата изјавиле дека марихуаната ја набавиле од Сандански, Бугарија. Против осомничените е поднесена кривична пријава поради основано сомневање за сторено кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. /крај/мф /
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

