Црна хроника
Откриена можна измама во гласањето на Скопскиот фестивал
Стотици припејд картички биле откриени во повеќе објекти низ Скопје под сомнение дека со нив е направена измама во телефонското гласање на Скопскиот фестивал што се одржа во среда вечер во Метрополис арена.
Во врска со сомнежите за можно местење на изборот на песна што ќе ја претставува Македонија на Евровизија во полиција се повикани повеќе лица на разговор, меѓу кои имало и малолетници и јавни личности.
На фестивалот победи Даниел Кајмаковски, на второ место заврши Тамара Тодевска, а на трето Евгенија Чанчалова.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Спречен обид за шверц на хашиш на скопскиот аеродром, едно лице приведено
Царинската управа спречи обид за криумчарење хашиш на скопскиот аеродром, едно лице е приведено и поднесена е кривична пријава против него.
„Царински службеници на влез во државата на Меѓународен Аеродром Скопје спречија обид за криумчарење 48,8 грама хашиш, скриен во личен багаж на гостиварчанец родум од Швајцарија, кој патувал со лет Цирих – Скопје. Случајот е откриен при детална контрола и претрес на личниот багаж на патникот при што помеѓу неговите лични ствари е пронајдена вакумирана ќеса со хашиш, кој патникот ја купил во Германија со намера да ја пренесе и неовластено да ја пушти во промет во Македонија“, соопшти Царинската управа.

Патникот е лишен од слобода, а против него е поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Овој случај, се додава во соопштението, ја нагласува будноста на Царинската управа во навремено детектирање и откривање на софистицираните методи на криумчарење.
Црна хроника
Директорка на „Завод и музеј“ Битола незаконски си се унапредила на работното место
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „несовесно работење во службата“, соопшти МВР.
Пријавената, во својство на директор на Национална установа „Завод и музеј“ Битола, спротивно на одредбите од Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи, несовесно постапила во вршењето на своите овластувања и должности на тој начин што извршила промена на Актот за систематизација на работните места, со што го укинала нејзиното работно место виш кустос и за себе отворила ново работно место кустос советник, кое што е едно ниво повисоко од претходното.
Црна хроника
Сопственик на фирма во Скопје затаил данок од 30 милиони денари
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(40) од Делчево, сопственик и управител на правно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „оштетување или повластување на доверители“ и против правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“, соопшти МВР.
Првопријавениот М.С. постапил спротивно на Законот за данок на додадена вредност на тој начин што во даночните пријави за контролираниот даночен период, преку правното лице пресметал и искажал помал даночен долг кој произлегол од неевидентиран остварен промет од продажба на основни средства и од продажба на залихи на материјали.
Со наведените дејствија пријавените успеале да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 31.433.522 денари, за кој износ го оштетиле државниот буџет.

