Црна хроника
Откриени два кгр дрога во возило кај Маврово
Припадници на полицијата од Маврово при вршење на рутинска контрола на регионалниот пат Гостивар – Дебар откриле двa килограмa дрога во патнички автомобил.
На крстосницата од регионалниот пат Гостивар – Дебар со магистралниот пат Гостивар, при вршење мотопатролна служба, полициски службеници од полициската станица во Маврово запреле автомобил „цитроен Ц2“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Б.(28) од селото Долно Палчиште, тетовско, додека, пак, како сопатник во возилото бил А.Ј.(29) од селото Голема Речица, тетовско.
При извршената контрола, во предниот дел на совозачкото место, во делот под маската, покриени со теписонот биле пронајдени две најлонски кеси со непозната тревкаста материја со вкупна тежина од околу два килограми.
По извршеното вештачење утврдено е дека се работи за наркотична дрога марихуана.
Од страна на судија на претходна постапка на лицата им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. /крај/ мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

