Црна хроника
Овчар каменувал воз кај Куманово

Овчар кој напасувал стока покрај пругата каменувал патнички воз кој се движел сообраќал на релација Скопје-Табановце, соопшти во неделата МВР.
Инцидентот се случил во саботата околу 19,45 часот на делот од пругата помеѓу железничката станица Куманово и железничката станица Табановци.
Од извршеното каменување нема скршено стакло или повредени патници, но била загрозена безбедноста на железничкиот сообраќај..крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
17-годишник тешко повреден кога со возилото излетал од патот во Струшко

Ноќеска во 22:10 часот, на локален пат во струшкото село Радолишта, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 17- годишно момче од струшкото село Франгово, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а 15-годишен сопатник од селото Заграчани со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Прегазен малолетник во Охрид

Синоќа во 21:05 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „даихатсу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(69) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Мајка замавнала со ножот и го повредила синот: при семејна расправија во Дебар

Вчера во 17 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ја лишиле од слобода 62-годишната Т.В. од Дебар.
Таа околу 15:30 часот при расправија во семејниот дом со остар предмет замавнала и нанела повреда на нејзиниот 31-годишен син.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.