Црна хроника
Пешак прегазен во Скопје

Четириесет ипет годишен пешак почина во петокот вечерта во Градската болница во Скопје, како последица на повреди здобиени од удар од патничко возило.
Инцидентот се случил во 19,51 часот во Скопје на крстосницата од улиците .„Александар Македонски“, „16-та Македонска бригада“ и „Интернационални бригади“, кога М.П.(1983) од селото Арачиново, скопско, управувајќи автомобил „голф“ со скопски регистерски ознаки, удрил во пешакот Јовица П.(1969) од селото Петровец крај Скопје.
Во незгодата, пешакот Јовица се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во ГОБ-Скопје, каде починал. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје. /крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
17-годишник тешко повреден кога со возилото излетал од патот во Струшко

Ноќеска во 22:10 часот, на локален пат во струшкото село Радолишта, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 17- годишно момче од струшкото село Франгово, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а 15-годишен сопатник од селото Заграчани со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Прегазен малолетник во Охрид

Синоќа во 21:05 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „даихатсу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(69) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Мајка замавнала со ножот и го повредила синот: при семејна расправија во Дебар

Вчера во 17 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ја лишиле од слобода 62-годишната Т.В. од Дебар.
Таа околу 15:30 часот при расправија во семејниот дом со остар предмет замавнала и нанела повреда на нејзиниот 31-годишен син.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.