Црна хроника
Петмина полесно повредени во сообраќајка кај Куманово
Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи во вторникот вечерта околу 21:30 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка. Сите повредени се надвор од животна опасност.
Несреќата се случила кога триесет и седумгодишен возач од Скопје управувајќи моторно возило од марката „волксваген“ со скопски регистарски таблички движејќи се од Крива Паланка кон Куманово, на месноста викана „Руѓинска кривина“ во атарот на село Сув Ора, изгубил контрола, слетал од патот, се превртел на покривот и запрел, соопшти кумановската полиција.Во возилото имало уште четворица сопатници при што сите петмина се здобиле со телесни повреди и се пренесни во кумановската болница. Возачот потоа е пренесен на една од скопските клиники./крај/миа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Запленети над 6.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар
Вчера по преземени оперативно тактички мерки од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на ул.„192“ на подрачје на Бит Пазар во Скопје пронајдени и одземени се околу 6.000 различни парчиња на пиротехнички средства.
Известен е Јавен обвинител, пиротехниката е одземена за понатамошна постапка, а против лицата кои ја продавале пиротехниката ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Пронајдени пиротехнички средства во Куманово, уапсени три лица
Вчера во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.А.(39), М.В.(21), двајцата од Куманово и Е.Џ.(28) од село Лојане, општина Липково.
При преглед на тезга кај Зелениот пазар на булеварот„Трета македонска ударна бригада“, сопственост на А.А., пронајдени се и одземени над 420 парчиња разновидни пиротехнички средства. При контрола на возило „сеат леон“ на ул.„11 Октомври“, управувано од М.В., пронајдени се и одземени 32 парчиња разновидни пиротехнички средства. Додека, при преглед на возило „мазда“ на влезот на Куманово, управувано од Е.Џ., пронајдени се и одземени 150 парчиња разновидни пиротехнички средства.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 396 од Кривичниот законик.
Црна хроника
85-годишен маж измамен за сума од 5.000 евра: измамниците се претставиле дека работат во Кувајт
Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, 85-годишен маж од Скопје пријавил дека бил измамен од две лица за сума на пари од 5.000 евра.
Според пријавеното, тие околу 11:00 часот на подрачјето на Центар го пресретнале него, при што едниот се претставил дека бил од Хрватска кој работел во Кувајт и го прашале дали може да им покаже евра за да ги споредат со еврата што ги имаат.
Како што е пријавено, тој ги зел парите од неговиот дом и им ги дал, а двете лица како гаранција му оставиле три алки наводно дијамантски да им ги чува, додека не му ги вратат парите.
Исто така, според пријавеното, откако не се вратиле сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

