Црна хроника
Пијани битолчани сакале да се пресметаат со полицијата
Пијани битолчани сакале да се пресметаат со полицијата, заради што им бил одреден осумдневен притвор.
Ноќта во сабота кон недела околу 02,30 часот во Битола во кафе-барот “Расчекор”, Ѓ.Т.(34) од Битола кој бил во друштво со уште три лица и бил видно под дејство на алкохол, без повод и причина почнал насилнички да се однесува, нарушувајќи го јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување.
Во непосредна близина до него седел полициски службеник, кој се легитимирал, повикувајќи го истиот да се повлече и да престане со таквото однесување. Во тој момент, Ѓ.Т. се доближил до полицискиот службеник и му упатил сериозни закани по животот и телото, а потоа со тупаница му задал еден удар во пределот на главата, нанесувајќи му телесни повреди. Со ова дејствие предизвикал чувство на загрозеност кај присутните, страв и несигурност, при што истите во паника и трчање го напуштиле објектот.
Од страна на полицискиот службеник, Ѓ.Т. бил лишен од слобода и задржан во СВР-Битола, каде извршено му било алкотестирање, при што е утврдено присуство на 2.83 промили алкохол во крвта.
Околу 03.00 часот во СВР-Битола дошле М.Ј.(33) и Ј.К.(27) двајцата од Битола, кои побарале да го земат Ѓ.Т., по што почнале да ги навредуваат присутните полициски службеници, а откако било побарано од истите да се легитимираат, одбиле и во еден момент се обиделе да им нанесат удари со раце. Лицата се лишени од слобода и извршено е алкотестирање при што кај М.Ј. е утврдено 2,66 промили, а кај Ј.К. е утврдено 1.63 промили алкохол во крвта.
Од страна на ОС-Битола на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од осум дена. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

