Црна хроника
Пиштоли „црвена застава“ украдени од автомобил и од куќа

Пиштоли марка „црвена застава“ биле украдени во две одделни кражби што се случиле во четвртокот и ноќеска во Скопје и Прилеп.
Кажбата во Скопје се случила на пладне на улица „Христо Татарчев“ на паркинг простор. Крадецот ја откорнал рачката од вратата на автомобил „фолксваген голф“. Од таму украл машка ташна во која имало пиштол „црвена застава“.Во Прилеп ограбена е куќа на улица „Кукушка“. Крадецот влегол преку незаклучена врата и украл пиштол , 120.000 денари и разновиден златен накит. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претепана жена во Кичевско: прво ја тепал сопругот пoтоа му се придружил и синот

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против П.Д.(57) и Б.Д.(26), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 од Кривичниот законик.
На 12.05.2025 во 20.30 часот во семејниот дом, П.Д. физички ја нападнал неговата сопруга, по што се приклучил и неговиот син Б.Д. нанесувајќи и телесни повреди.
Основниот суд во Кичево донесе решение за отстранување на сторителите од домот во период од 30 денови.
Црна хроника
Претрес Валандовско, пронајдена марихуана, приведено едно лице

Вчера во село Дедели, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода 43-годишниот Џ.О. од село Дедели.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, билa пронајденa марихуана.
Лицето било задржано во Полициската станица Валандово, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и во текот на денот ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава, по што Џ.О. ќе биде изведен пред судија од Основен суд Гевгелија.
Црна хроника
Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.
Пријавениот сопственик на правното лице, со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти дека врши посредување при продажба на станови и возила во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот – Скопје.
Осомничениот 35-годишник од Скопје на две оштетени лица во Куманово им се претставил како вработен во Агенцијата за управување со одземен имот и со нив склучил фиктивни договори за наводна продажба на станови во Скопје и Охрид. Измамените граѓани му уплаќале пари, еден дел во готово, а еден дел на сметка на правното лице, со што осомничениот прибавил вкупна противправна имотна корист од 115.754 евра.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопштија надлежните.