Црна хроника
Починал во куќата што му изгоре
Неколку пожари се случиле во последните 24 часа во Македонија, а во еден настрада постар човек.
Имено, во четвртокот, во 17.45 часот во полиција, од екипа на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека во Скопје на ул. „Жан Жорес“ , настанал пожар во стан, при што било пронајдено починато лицето Ц.Н. (67).
Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Увидна екипа извршила увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.
Уште еден пожар се случил нешто подоцна, околу 20 часот во Делчево, на местото викано „Плоскави скали“во објект за чување на стока и помошен објект сопственост на Ѓ.П. од Делчево. Во 23.00 часот од страна на Територијалната противпожарна единица Делчево пожарот бил локализиран, а увид на местото на настанот се врши во петок.
Утрото пак, околу 4 часот во Скопје на ул. „Лондонска“, во угостителски објект настанал пожар при што изгорел дел од кровната конструкција. Од страна на противпожарната единица пожарот бил изгаснат, а увид се вршел во петокот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.