Црна хроника
Почина намерно прегазеното четиригодишно дете
Во петок вечер, почина четиригодишното дете кое заедно со своите родители пред неколку дена намерно беше удрено од автомобил во Куманово.
Немилиот настан се случи на 25 јуни кога по кратка расправија, кумановец со возило „Мерцедес“ намерно удрил во двајца сопружници и нивното четиригодишно дете.
Таткото С.А.(1980) бил пренесен во кумановскиот Медицински центар, а неговата сопруга М.К.(1980) и детето како итен случај со возило на Брза помош беа пренесени на Детска хирургија – Државна болница Скопје.
Кумановецот кој ги прегази доби 30-дневен притвор и ќе одговара за убиство во обид.
Како што претходно информираа од Јавното обвинителство, семејството кое чекало ред пред амбуланта, одлучило да пушти друг човек пред нив, поради тоа што процениле дека станува збор за поитен случај. Таквата одлука предизвикала револт кај машко лице кое чекало во редот, по што започнала кавга. Тој ги чекал да излезат од болницата, и потоа ги удрил со возилото./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 33-годишник во Центар, бил во возило со две малолетнички
Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 22:30 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, сопреле патничко моторно возило управувано од З.Т. (33) од Скопје.
Како што информираат од полицијата, во возилото се наоѓале две малолетнички со кои тој се познавал од претходно, но не биле во роднинска врска. З.Т. бил лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор во полициска станица.
Службен разговор бил извршен и со двете малолетнички, во присуство на нивните родители, бранител и стручен тим од Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјални работи.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Малолетничка најдена онесвестена во Карпош, пренесена е на Клинички
Шеснаесетгодишна малолетничка била пронајдена во безсознание вчера околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, информираат од СВР Скопје.
Според пријавата, девојчето итно било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. При интервенцијата, кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.
Со малолетничката бил и П.С. (18) од Скопје.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.

