Црна хроника
Починат маж лежел на тревник во Ново Лисиче

Телото на 67 годишен скопјанец било пронајдено во тревникот во сабота рано наутро зад сендвичарата во Ново Лисиче, соопшти полицијата.
Според истиот извор, околу 04,27 часот, М.С. пријавил во полиција дека на бул.„Видое Смилевски-Бато“, односно позади сендвичара на наведената улица, во тревникот лежело непознато лице кое можно е да е починато. Од страна на екипа од итната медицинска помош во 05,00 часот констатирана е смрт кај М.Т.(1949) од Скопје. Од извршениот увид првично не се забележани траги на насилство. Телото на починатиот по наредба на ЈО е предадено на обдукција. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Центарот за социјални работи пријави обљуба врз малолетник на Бит-пазар

На 14 октомври, околу 00:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот, информира МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Тинејџер ја нападнал 18-годишната девојка во Скопје

Oсумнаесетгодишна девојка пријави во МВР дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот 19-годишен партнер од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
83-годишник паднал од мотор во Струмичко, тешко повреден

Вчера во селото Зубово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа. Како што информира МВР, 83-годишниот К.С. од Зубово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Струмица.