Црна хроника
Покренато обвинение за убиството на матурантот во „Ѓорче Петров“
Јавното обвинителство покрена обвинение против Насер Е., осомничен за убиството што се случи пролетта во скопската населба „Ѓорче Петров“, кога беше убиен матурантот Ангел Петковски.
Осомничениот ќе одговара за убиство со умисла и тешка кражба.Според обвинителството, осомничениот Насер, на 19-ти мај околу 17 часот влегол во дворот на семејната куќа на семејството Петковски украл велосипед којшто бил потпрен на ѕидот на куќата.Таткото на матурантот го забележал дека краде и почнал да вика по него, но осомничениот побегнал со велосипедот и се упатил кон пешачкиот мост што води кон село Сарај.Но, на патеката на насипот го пречекале Ангел и неговиот татко и му го блокирале патот да не побегне кон мостот. Ангел го блокирал патот во правец спрема течението на реката Вардар.„Обвинетиот извадил нож со едностран сечивен дел и замавнал двапати кон сега покојниот нанесувајќи му убодна рана на десната страна на градниот кош. Обвинетиот потоа бил нападнат од страна на таткото на сега починатиот со дрвен стап и му биле нанесени телесни повреди, по што успеал да избега“ соопштуваат од обвинителството.Таткото заедно со повреденото момче се упатиле до Европската очна болница да побараат медицинска помош, но како резултат на повредите од убодната рана дошло до брзо и обилно внатрешно и надворешно искрварување и развиток на хеморагичен шок, што довело до смрт кај сега покојниот на скалите пред Болницата.„Поради исполнување на законските основи, јавниот обвинителот до надлежниот суд предложи и продолжување на мерката притвор“ соопштуваат од Обвинителството.По убиството на матурантот во скопската населба имаше протести коишто ескалираа па имаше и повредени и приведени./крај/мф/ффс
Извор: Фото:Телеграф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

