Црна хроника
Полицаец фатен како зема поткуп од возач кој направил сообраќаен прекршок
Полицаец бил фатен на лице место како прима поткуп од возач кој сторил сообраќаен прекршок, соопштуваат од Основното јавно обвинителство – Скопје кое презема дејствија против полицаецот.
Полицаецот ноќта меѓу 15 и 16 октомври вршел рутинска контрола на преглед на возила во Скопје кога сопрел возач и му констатирал три сообраќајни прекршока. Полицаецот го известил возачот дека за сторените прекршоци му следи казна во висина од 1.000 евра, но дека доколку му даде 3000 денари, нема да му биде напишана казната. Возачот изјавил дека во моментов нема пари, но се согласил да му даде поткуп на полицаецот. Се договориле паричните средства оштетениот да ги остави во една од блиските продавници, каде ќе каже дека тие се за полицаецот. При тоа, службеното лице му зело генералии на возачот и телефонски број на кој во следните денови неколку пати го контактирал.Возачот го пријавил службеното лице и во организирана акција, на 19 октомври осомничениот е фатен на лице место како го зема поткупот.Поради постоење на оперативни сознанија, извршен е претрес на приватното возило на осомничениот каде се најдени податоци за стотина граѓани, адреси и контакт телефони. Најдените докази укажуваат дека осомничениот на ист начин ги обработувал и преземал коруптивни дејствија кон поголем број на граѓани. Со оглед дека постои основано сомнение за сторени кривични дела кон поголем број лица, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје предложи изрекување на мерка притвор за осомниченото лице, кој предлог со Решение на судот беше потврден со изречена мерка од триесет дневен притвор./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

