Црна хроника
Полицаец убил возач во Свети Николе во самоодбрана
Полицаец убил возач во Свети Николе во понеделникот вечерта во самоодбрана, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Штип.
Според информациите од Обвинителството, полицаецот кој бил на службена должност забележал автомобил „лада“ кое се движело со голема брзина, а пред него се движел велосипед.Возачот на „ладата“ бил лут бидејќи велосипедот се движел пред него и му пречел. Го запрел возилото и почнал да се кара и тепа со велосипедистот. Полицаецот ги разделил и се обидел да го легитимира возачот. Но, тој почнал да го тегне и да го турка полицаецот, а потоа седнал во возилото, го фатил полицаецот за рака и го влечел со автомобилот десетина метри на патот. Од брзината на движењето полицаецот паднал на патот. Триесетгодишниот светиникочанец продолжил да се движи со автомобилот, вртел полукруг и два пати се враќал за да го прегази полицаецот. При вториот обид да го прегази, полицаецот во полуседечка положба извадил огнено оружје и пукал во возачот. Возачот починал на лице место. Надлежен обвинител продолжува со истражните дејствија со цел да се утврдат фактите и доказите во предметот и работи на расветлување на причините за употребата на огненото оружје од страна на полицаецот./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

