Црна хроника
Полицијата има осомничени за убиството во обид во Велешта
Полициската станица во Струга презема интензивни мерки за расчистување на кривичното дело „убиство во обид“, извршено рано утрово во струшкото село Велешта. На разговор повикани се повеќе лица жители на селото Велешта, јавува Охридњус.
„Кривичното дело е извршено во 00.15 часот во Велешта при што со повеќе огнострелни рани во грбот, стомакот и екстремитетите се здобил 36-годишен жител на селото Велешта. Настанот се случил во близина на домот на сега повредениот кога тој излегувал од своето патничко моторно возило марка Мерцедес. Во моментот, од патничко моторно возило марка „Ровер“ без регистарски таблици паркирано во близина на неговата куќа, излегле две лица. Возачот на ова возило испукал повеќе куршуми кон А.С. по што двајцата веднаш избегале. Повредениот итно е пренесен во општата болница во Струга“ изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.Полицијата повикала на разговор жители на Велешта, за кои постои сомневање дека се можни сторители на кривичното дело.На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид при што пронајдени се осум чаури, еден проектил и еден дел од проектил. Полициската станица од Струга презема и други дополнителни мерки за утврдување на сторителот на кривичното дело „убиство во обид“, додаде Димовски. /крај/ох
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прво ја нападнале жената, па меѓусебно се истепале и кршеле покуќнина – двајца приведени во Штип
Полицијата во Штип вчера ги приведе 35-годишниот В.Д. и 33-годишниот С.Д., обајцата од Штип, по претходна пријава поднесена од 29-годишната Ѓ.М.
Според пријавеното, В.Д. физички ја нападнал Ѓ.М., по што тој и С.Д. меѓусебно се пресметале, при што користеле разни предмети и оштетиле дел од покуќнината во домот.
Полицијата работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата
Утрото на 21 ноември во скопската полиција било пријавено дека во периодот меѓу 00:30 и 07:15 часот била ограбена сендвичара на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.
Според пријавеното, непознат сторител со употреба на физичка сила и алат успеал да влезе во објектот и да одземе пари од касата.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Mигрант почина во Комплексот клиники, бил хоспитализиран на нефрологија
Клиниката за нефрологија при Клиничкиот комплекс Мајка Тереза вчера пријавила во скопската полиција дека кај нив бил донесен 41-годишниот Л.Ш., мигрант, кој имал потреба од итна лекарска помош.
Мигрантот бил примен на 20 ноември, a починал следното утро, на 21 ноември, во 06:48 часот.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

