Црна хроника
Повеќе од четири часа се читаше пресудата за случајот „Монструм“
Повеќе од четири часа во Апелациониот суд се читаше пресудата за случајот „Монструм“, со којашто на доживотен затвор се осудени шест лица за убиството на четирите момчиња од Радишани и рибарот кај Смилковското езеро.
Пред судот одбраната на осудените ги образложува жалбите на првостепената пресуда. Апелациониот суд има можност да ја потврди пресудата, да ја укине и да ја врати на повторно судење, или делумно да ја потврди, а да интервенира во висина на казните.
Во судот беа донесени сите осудени, освен Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во затвор во Косово.
Според заклучокот на судот, Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ со еден пиштол и две автоматски пушки на растојание од еден и пол метар ги изрешетале четирите момчиња и рибарот за да создадат чувство на несигурност кај македонскиот народ и да пратат порака до граѓаните дека никој не е безбеден и секој може да биде убиен било кога и било каде.Убиството го извршиле на 12 април 2012 во предвечерието на христијанскиот верски празник Велипеток. Целта им била да застрелаат невини цивили, Македонци на големиот христијански празник.Во организирањето и логистиката на злосторството учествувале Фејзи Азири и Хаки Азири.Судот во изрекувањето на пресудата ги зел во предвид материјалните докази, но и исказите на сестрата на убиениот Александар Накевски, исказите на неколкумина Роми кои биле на Смилковското езеро непосредно пред убиството, како и исказот на обвинетиот Хаки Азири кој го даде во истражната постапка.Сестрата на Александар Накевски во исказот тврдеше дека се слушнала со нејзиниот брат во времето кога отприлика се случило убиството, но зборувал неразбирливо, а потоа слушнала звук на вода. Токму неговиот телефон бил пронајден во водите на езерото и се претпоставува дека Александар бил жив кога го барала неговата сестра, но кога го виделе дека зборува на телефон му го зеле телефонот и го фрлиле во вода.Ромите, пак, пред судот раскажаа дека ги виделе убиените момчиња на езерото и дека кога тргнале да си одат ги запрел непознат човек, кој не носел маска на лицето, но бидејќи било темно не можеле да му го видат лицето. Ги прашал како се викаат и им рекол да бегаат оти ќе ги убијат.Азири, пак, во својот исказ даден пред истражен судија кој беше снимен и прикажан во јавноста, вели дека ги чекал убијците на обиколницата и им помогнал да избегаат. Му кажале дека убиле човек, но дури отпосле на интернет прочитал дека се убиени пет лица на Смилковското езеро. Чувствувал голема грижа на совест и ослабел 20 килограми, и давањето на исказот го чувствувал како големо олеснување. Но, потоа Азири го негираше тој исказ, и рече дека го дал под притисок и поради психичко и физичко малтретирање.Лидерот на СДСМ Зоран Заев најавуваше нови факти поврзани со случајот „Монструм“ со објавување на прислушуваните разговори , но со постигнувањето на политичкиот договор доказите за „Монструм“ ќе му бидат предадени на специјалниот обвинител.Маскарот кај Смилковското Езеро се случи на 12-ти април 2012 година, вечерта пред христијанскиот верски празник Велипеток. Брутално е стрелано во Цветанчо Ацевски (19), Кире Тричковски (21), Александар Накевски (18), Филип Славковски (20) и повозрасниот Борче Стевковски (45). Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Сејди Рами Сејди се осудени за тероризам, а Хаки Азири беше обвинет за помагање по извршено дело тероризам.Со првостепената пресуда беа изречени шест казни доживотен затвор и една ослободителна пресуда, но незадоволство од текот на судењето и од висината на изречените затворски казни се прелеа на улиците, па роднини и пријатели на осудените со денови протестираа пред Основниот суд Скопје 1, а некои од демонстрантите, поради насилство, завршија в затвор./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Обвинение за семејно насилство врз бремена девојка во Свети Николе
Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, обвинетиот на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, при вршење семејно насилство, ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил неговата бремена девојка.
„Ја навредувал оштетената со која живееле во семејна заедница, а потоа започнал да ја удира со тупаници. Кога девојката се онесвестила од ударите, ја однел во бањата каде ја освестил со ладна вода, по што почнал да ја влече за коса и повторно да ја удира со боксови по главата и телото. Оштетената од ударите се здобила со повеќе телесни повреди, а кога се обидела да избега обвинетиот и го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел 15 часа спротивно на нејзината волја.
Јавниот обвинител, заедно со обвинението, поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот. Во меѓувреме се вршат проверки и во однос на наводи и сомненија за други дејствија на злоупотреби од ова лице кон истата оштетена, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител“, велат од Обвинителството.
Топ
Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја
Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ.
Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница, извести МВР.
Фото: МВР
Топ
Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од Законот за администаривни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за администаритвни службеници, без согласност од Министерството за финансии и спротивно од Законот на буџети за вработување, без спроведени интерни огласи и согласност и потпис од Секторот за човекови ресурси, за 11 лица вработени како административни службеници во управната зграда во Клиничка болница Битола склучила анекси кон договорите за вработување со цел зголемување на коефициентите на сложеност на работните места и издала решенија за утврдување на висина на плата, односно унапредување во повисок степен без соодветно образование.
На тој начин пријавената го оштетила Буџетот на Министерството за здравство, односно Фондот за здравствено осигурување за 49.304 евра до моментот на поднесување на пријавата. На пример, лице вработено како помошник одговорен инжинер за техничко одржување на објекти, каде било предвидено средно образование електротехника или електромашинство, било унапредено лице со академско звање – доктор на науки од областа на индустриски менаџмент и платата му била пресметувана по коефициент на сложеност кој се однесувал за профил доктор на немедицински науки, сродни на дејностите на установата.

