Црна хроника
Таткото ја видел дадилката како го удира бебето, но мислел дека тоа е негов превид
Бебето кое пет месеци го малтретирала дадилката која била ангажирана да го чува, било нервозно, невесело, врескало навечер, а неговиот татко ја начекал дадилката и како го удира по лицето.
На 20 август таткото ненајавено влегол во домот во Скопје и ја забележале шеесет и едногодишната дадилка како со рака го удира по лицето. Но не изреагирал, мислејќи дека се работи за негов превид. Наредните денови поставил видео камера во својот дом со цел да го заштити своето дете и да утврди како за него се грижи дадилкaта.На видео снимката, којашто е објавена и во јавност, видел како дадилката го малтретира и тепа детето, му вика, го навредува, го штипи за рацето, го треска во релаксаторот и во раце, го тегне за уши.Во средата бил изршен разговор со дадилката на кој таа негирала дека го малтретирала детето. Судот и одреди притвор а ќе одговара за запуштање и малтретирање на дете за што и се заканува затвор од една до десет години./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.