Црна хроника
Повредени 12 струмичани во сообраќајката кај Штип
Дванаесет лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи во сабота кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ во близина на штипската населба Три чешми, кога се судрија мини бус на „Струмица експрес“ и автомобил Опел астра.
Дванаесет лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи во сабота кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ во близина на штипската населба Три чешми, кога се судрија мини бус на „Струмица експрес“ и автомобил Опел астра.
Директорот на Клиничката болница-Штип, Александар Стојановски вели дека 10 лица се со полесни, а две со тешки телесни повреди, од кои еден веќе е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
Штипските пожарникари биле вклучени во извлекувањето на патниците од мини бусот, кој што излетал од коловозот и се наоѓа во една бара.
Командирот на пожарникарите, Кире Патраклиев вели дека по извлекувањето на патниците, 10 од нив од местото на несреќата ги транспортирале со нивното возило, јавија македонските телевизии.
Според информациите од полицијата, до несреќата дошло откако автомобилот Опел астра излегувајќи од бензинската пумпа на „Макпетрол“ удрил во мини бусот на „Струмица експрес“ кој се движел во правец кон Велес./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

