Црна хроника
Пожарникар се здобил со изгореници, а полицаец се затрул при гаснење на пожар во Штип

Пожарникар се здобил со изгореници, а полицаец се затрул при гаснење на пожар што избувнал по полноќ во стан во Штип.
Во пожарот во станот на улица „Сутјеска“ во сопственост на педесет и осумгодишен штипјанец изгорела целата покуќнина. При гаснењето на пожарот со изгореници од втор степен на лицето и шаките се здобил еден пожарникар и е хоспитализиран на одделението за хирургија во Клиничката болница во Штип.Полицаец, пак, бил хоспитализиран во болницата во Штип поради труење со јаглерод диоксид, по што бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа при СВР-Штип. Пожарот е изгаснат од страна на екипа од ТППЕ-Штип. Причината за предизвикување на пожарот и материјалната штета дополнително ќе биде утврдена. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.