Црна хроника
Пријавен скопјанец за шверцување илјадници парчиња гардероба и автоделови
Против педесетгодишен скопјанец е поднесена кривична пријава поради шверцување големи количества текстилно стоки и автоделови, информираше во саботата Министерството за внатрешни работи.
Припадниците на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поденал кривична пријава против 50-годишниот скопјанец идентификуван со иницијалите Е.А., поради основано сомнение дека на 9-ти овој месец извршил кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама “.
Имено, пријавениот,откако претходно на засега неутврден начин и од засега непознато лице, набавил поголеми количества разновидна трговска стока, како текстилна роба (1.566 парчиња блузи, 594 парчиња свечени фустани), потоа 1.373 метри завеси за дом, 3.250 најлон вреќи, автоделови (ламели за возила, куќиште за филтер, АГР вентили, Бош филтери, Гаф пакинг, поклопец за филтер, сидат вентили, термостати, свеќици, водни пумпи, федери за амортизери, алуминиумски грани, пластични црева, гумени навои, дихтунзи, управувачки осовини, зглобови за ПМВ, јабучици, лагери, ребрасти каиши со затегачи), како и 3.660 литри моторно масло и друго, стоки за коишто не поседувал соодветна документација и која била предмет на кривично дело „криумчарање“ и која имал намера делумно да ја пласира на пазарот во земјава, а дел да биде пренесена преку гранична линија.
На споменатиот датум, околу 18 часот, на локалниот пат меѓу скопските села Побожје и Бродец во насока кон Танушевци, сите на падините на планината Црна Гора во близина на Скопје кон косовската граница, товарното моторно возило кое било управувано од пријавениот, при извршување на редовни контроли било сопрено од страна на полициски службеници од РЦ за ГР Север – ОГРМ по што истиот бил приведен и предаден во полициската станица „Гази Баба“, каде при извршена контрола и преглед на внатрешноста и багажниот простор на возилото била пронајдена предметната трговската стока која заедно со возилото се одземени, а со пријавениот бил извршен разговор.
Од страна на увидна екипа од СВР Скопје било извршено фотодокументирање на возилото како и на пронајдената количина на трговска стока. Во врска со кривично правниот настан од страна на службени лица од Државниот пазарен инспекторат од Скопје во полициската станица, бил извршен инспекциски надзор по што бил изготвен и записник.
Инаку во минатото против истото лица биле поднесувани и други кривични пријави, како што се „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“,„повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, „криумчарење“, „лажно пријавување на кривично дело“ и „недозволена трговија“./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

