Црна хроника
Прилепчанец пријавен за 17 кривични дела, извршил уште 46 тешки кражби

Четириесет итригодишен прилепчанец е осомничен за сторени седумнаесет кривични дела „тешка кражба“ извршени на подрачјето на Кичево, каде што во периодот од јануари минатата до август оваа година, извршил уште 46 ограбувања.
Кичевската полиција го пријавила Е.А. од Прилеп, кој во различни временски периоди, со употреба на погодни предмети и кршење на бравите, цилиндарите и стаклата, насилно отворал врати и прозорци од куќи и помошни објекти во Кичево и околината.
Тој влегувал и со качување преку отворен потпокривен простор, а најчеста цел биле куќи чии сопственици се наоѓале на привремена работа во странство. Прилепчанецот од обиените објекти и домови земал пари, златен накит, ЛЦД телевизор, лап топ компјутери, мобилни телефони, текстил, разни видови алати и апарати, рачни машки и женски часовници, постелнини, еден гасен пиштол и други предмети, кои потоа ги продавал.
На 7-ми јули оваа година, тој бил пронајден во Битола по што е извршен претрес во куќата во којашто привремено престојувал. Тука биле пронајдени дел од предметите што потекнуваат од извршените кражби./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.