Црна хроника
Прилепчанец загина во сообраќајка на патот Кичево – Демир Хисар
Прилепчанец загина во сообраќајка што се случи утрово околу 7 часот на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во близина на каменоломот на „Трансмет“.
Според првичните информации, до несреќата дошло кога товарно комби „ситроен џамбо“ со прилепски регистерски таблички удрило во камион-влекач паркиран надвор од патот.Во несреќата загинал возачот на комбето, четириесет и двегодишниот Мендо Г. од прилепското село Воѓани. крај/мф
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
Топ
Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско
Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот М.М. од село Браилово-прилепско и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот К.Т. од Скопје, извести МВР.
„Во несреќата на местото на настанот починал М.М., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Градската општа болница Прилеп“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп.