Црна хроника
Притвор за маж што за малку ќе си ја убиел сопругата
Притвор од 30 дена и кривична пријава заработи 48-годишниот Т.П. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид при вршење семејно насилство“.
Пријавениот, во саботата се обидел да ја убие неговата 29-годишна сопруга од Скопје, нанесувајќи и тешки телесни повреди по главата и телото. Имено, пријавениот со сопругата имале бракоразводна парница и повеќемесеци не живееле заедно. Тие се сретнале на први овој месец, кога по претходен телефонски договор Т.П. заминал кај сопругата, која заедно со седумгодишната ќерка живеела во стан под наем. Пријавениот пристигнал околу 21.30 часот и останал таму се до наредното утро, кога сопругата му кажала дека треба да си оди и тргнала да го испрати. Во тој момент пријавениот ја убедувал да појде со него за да разговараат, но кога таа го одбила тој со употреба на сила ја внел во неговото возило и се упатил кон скопска Црна Гора. Додека возел со тупаници ја удирал по главата и телото, заканувајќи ѝ се дека ќе ја убие. Неговата сопруга го молела да престане и да го сопре возилото, а во два наврата се обидела да избега од возилото. Пријавениот успеал да ја фати при првиот обид, по што продолжил со физичкото малтретирање. При вториот обид да побегне од возилото, во близина на автобуската станица во село Побожје, ѝ помогнал случаен минувач, кој, заедно со неговата сопруга ѝ пружил прва помош. Т.П. побегнал од местото на настанот, а оштетената со возило на Итна медицинска помош во бесознание била пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде ѝ се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на натамошно лекување. Набрзо по настанот, полициски службеници на „Алфа“ го пронашле и го привеле пријавениот. При извршеното алкотестирање, кај истиот се констатирани 1,95 промили алкохол во крвта.Инаку, Т.П. досега е кривично пријавуван за имотни деликти за што му се поднесени четири кривични пријави, а во периодот од 2008 до 2011 година му се поднесени исто така и четири прекршочни пријави за загрозување на безбедноста во сообраќајот со управување на возило под дејство на алкохол и прекршочна пријава за нарушен јавен ред и мир со малтретирање на друг во стан./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

