Црна хроника
Притвор за прилепчанец кој силувал девојка со заостанат развој

Прилепската полиција поднесе кривична пријава, а Основниот суд, на предлог на Јавното обвинителство Прилеп, му определи 30-дневен притвор на четиририесет и седум годишен прилепчанец кој силувал девојка со заостанат душевен развој.
Силувањето се случило на 18 јули околу 3 часот. Силувачот со возилото ја следел девојката која одела пешки од центарот на градот кон Основното училиште „Гоце Делчев“, по што ја понудил да влезе во неговото возило. Откако го одбила, насилно ја внел во возилото и ја однел надвор од градот, каде ја силувал.Прилепчанецот ќе одговара за обљуба врз немоќно лице./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.