Црна хроника
Притвор за убиецот на велешанецот
По предлог на надлежен јавен обвинител, Основниот суд во Велес на осомничениот убиец Б.Ш. (31) му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Имено, полицијата го затекнала Б.Ш.(31) од Велес со пиштол калибар 7,62 мм во рацете, а до неговите нозе лежел Т.К. (43) од Велес.
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место за вчерашното убиство кај местото Којник во Велес. Настанот се случил околу 14 часот, кога во куќата на сега починатиот дошол осомничениот и веднаш почнал да пука. При тоа испукал неколку проектили и смртно го ранил починатиот. Во обид да избега на сторителот, сега починатото лице излегло од куќата и стигнало до улицата, каде осомничениот му вперил пиштол со намера да испука уште проектили. Во тој момент по пријава на соседите, дошла полицијата која го лишила од слобода осомничениот, а на сега починатиот му е дадена медицинска помош. Но, поради сериозноста на повредите настапила смрт.
Увидот на лице место јавното обвинителство го изврши со увидни екипи на МВР. Надлежен обвинител издаде Наредба за вршење на обдукција на починатиот, наредба за вештачење на траги од лице место, на брисеви од крвта, на огненото оружје со кое е извршено делото.
Основното јавно обвинителство Велес продолжува со дејствијата во насока на расветлување на настанот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.