Црна хроника
Притвор за возачот на влекачот во кој се удри мотоциклистот кој загина кај Требениште
Обвинителството предложи, а судија на претходна постапка му одреди осумдневен притвор на возачот на влекачот во којшто удри мотоциклистот кој загина на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај селото Требениште во вторникот попладне.
Влекачот, дел од механизацијата на градежната фирма која вршела изведба на работи на магистралниот пат, го управувал сега осомничениот граѓанин на Република Албанија. Четириесет и четиригодишниот охриѓанец, кој управувал со моторот, по ударот, со тешки телесни повреди бил бил пренесен во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде лекарите само констатирале смрт.По извршениот увид на лице место, надлежниот јавен обвинител издал наредба за обдукција на починатиот, наредба за проверка на крв и урина, наредба за сообраќајно-техничко вештачење, како и други дејствија во насока на утврдување на фактите за сообраќајката.Обвинителството поведе постапка против возачот на влекачот поради постоење на сомнение за сторено кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по член 300 став 4 од Кривичниот законик./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

