Црна хроника
Приведениот од „Келија“ бил логистичар на групата, но не успеал да замине во Сирија
Осомничениот скопјанец кој го приведе полицијата во четвртокот како дел од акцијата „Келија“ бил логистичар на групата и неколку пати се обидел да замине за Сирија, но не успеал.
Дваесет и четиригoдишниот скопјанец бил приведен во четвртокот околу 14 часот во близина на Бит Пазар. Последен пат се обидел да замине во Сирија на 3 јуни, но не му било дозволено да замине од Македонија. Полицијата трага и по лицето преку кое вториот пат се обидел да замине преку Турција, кое се уште војува во Сирија на страната на Исламската држава, соопштуваат од МВР.Се претпоставува дека имал намера да замине за Сирија поради извршување на логистички активности за потребите на џихадистите во Сирија кои се по потекло од земјава.Приведениот е спроведен во истражниот затвор во Скопје за издржување на претходно изречената мерка Притвор во времетраење од 30 дена.Во акцијата беа уапсени девет лица, а полицијата трагаше по 27 лица. За 20 од нив постои сомнение дека се се уште на боиштата во Сирија.Ќе одговараат за „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“, дело кое од пред една година е кривично.Според статистиката на МВР, на боиштата во Сирија досега загинале 16 македонски државјани, а се проценува дека 130 наши државјани се бореле или се борат таму./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

