Црна хроника
Продолжуваат кражбите на македонски регистарски таблички во Грција
Во вторникот на граничниот премин „Богородица“ е пријавен нов случај на украдени регистерски таблички од возило на македонски државјанин.
Во вторникот на граничниот премин „Богородица“ е пријавен нов случај на украдени регистерски таблички од возило на македонски државјанин.
Случајот е пријавен од страна на жител на Кавадарци, сопственик на возило марка „сеат кордоба“ од кое биле украдени регистерските таблички. Сопственикот на возилото пријавил дека во вторникот во Грција му биле украдени комплет регистерските таблички, по што случајот не бил пријавен во грчката полиција.
Покрај овој случај, исто така, и на граничниот премин „Меџитлија“ бил регистриран уште еден случај на украдени регистерски таблички. Случајот е пријавен од страна на жител на Струга, сопственик на возило марка „ситроен C5” од кое биле украдени регистерските таблички.
Стружанецот пријавил дека во вторникот во грчкиот град Пефкохори од неговото возило биле украдени комплет регистерските таблички. Случајот го пријавил во грчката полиција.
Со овие два нови случаи на украдени регистерски таблички бројката на вкупно украдени регистерски таблички за оваа година достигна вкупно единаесет, а досега регистрирани се и пет оштетувања на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат македонските туристи во Грција, соопштуваат од МВР./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

