Црна хроника
Пукано во куќа во Сингелиќ
Во средата вечерта, во куќа во Сингелиќ, непознат сторител пукал од надвор со пиштол.
Имено, А.Ф. (44) од село Сингелиќ- скопско пријавил дека на ул.„16“ околу 22.30 часот непознат сторител од огнено оружје, најверојатно од пиштол, испукал повеќе куршуми во правец на неговата куќа, а потоа веднаш се оддалечил во непознат правец. Неколку проектили од испуканите куршуми завршиле во надворешниот ѕид од куќата во која што освен пријавителот кој во тоа време седел на тремот пред влезната врата, на другата страна од куќата, а во една од собите на приземјето биле и неговата сопруга, двата сина и ќерката.Еден проектил го пробил стаклото од прозорецот на надворешниот ѕид од собата како и задниот дел од регалот и паднал на бетонскиот под од собата, непосредно до ѕидот.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

