Црна хроника
Работник загина откако го потисна метална решетка
– фото илустрација
Работник од Гевгелија бил потиснат од метална решетка при вршење на работни задачи во село Николиќ, дојранско, при што на пат за болница починал.
Работник од Гевгелија бил потиснат од метална решетка при вршење на работни задачи во село Николиќ, дојранско, при што на пат за болница починал.
Како што соопшти полицијата, во вторникот Т.С. (40) од Гевгелија како вработен во ТД „Нов Дом ДООЕЛ“ Гевгелија, вршел работни задачи во кругот на „Дојран Стил“, при што бил потиснат од метална решетка. Работникот, од здобиените повреди починал на пат кон болницата. По наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се врши обдукција. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

