Црна хроника
Се истражува дали двата џипа се судриле при претекнување, три лица тешко повредени
Заврши увидот на местото на сообраќајната несреќа што се случи утрово во 7.50 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, на потегот на селата Мешеишта и Требеништа.
Сегa се утврдуваат причините за сообраќајната незгода, односно дали се случила во момент на претекнување на џипот „крајслер“ над возилото „порше“. Според официјалните информации од полицијата, во несреќата учествувале две патнички возила-џип „порше“ со дипломатски ознаки и „крајслер“ со американски национални ознаки како и едно товарно моторно возило марка „ивеко“ со македонски национални ознаки.Двете патнички моторни возила, по магистралниот пат се движелe во правец од Охрид кон Кичево додека товарното возило сообраќало во обратен правец, односно од Кичево кон Охрид.Тешко повредени се три лица кои се возеле во „крајслерот“. Со возила на брза помош, две тешко повредени лица се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ додека третото повредено лице се наоѓа на одделот хирургија при Општата болница во Охрид. Локалните медиуми објавија дека во „поршето“ со дипломатски таблички бил бизнисменот, поранешен градоначалник на Битола и почесен конзул на Република Србија, Силјан МицевскиИзвршен е увид во присуство на јавен обвинител, сообраќаен вештак и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид. За време на увидот, сообраќајот беше во прекин за товарните возила и автобусите додека патничките возила беа пренасочувани по локалните патишта. Во соработка со Јавниот обвинител, се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на тешко повредените лица а по негова наредба, врз моторните возила ќе биде извршено дополнително вештачење./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 33-годишник во Центар, бил во возило со две малолетнички
Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 22:30 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, сопреле патничко моторно возило управувано од З.Т. (33) од Скопје.
Како што информираат од полицијата, во возилото се наоѓале две малолетнички со кои тој се познавал од претходно, но не биле во роднинска врска. З.Т. бил лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор во полициска станица.
Службен разговор бил извршен и со двете малолетнички, во присуство на нивните родители, бранител и стручен тим од Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјални работи.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Малолетничка најдена онесвестена во Карпош, пренесена е на Клинички
Шеснаесетгодишна малолетничка била пронајдена во безсознание вчера околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, информираат од СВР Скопје.
Според пријавата, девојчето итно било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. При интервенцијата, кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.
Со малолетничката бил и П.С. (18) од Скопје.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.

