Црна хроника
Шест мртви од кои пет деца во судир на камион и минибус во Франција
Најмалку шест лица, меѓу кои пет деца загинаа во вторникот во судир меѓу камион и минибус во близна на Троа, во североисточна Франција, пренесува AFP повикувајќи се на државниот обвинител на округот.
„Станува збор за несреќа со повеќе смртно настрадани“, изјави државниот обвините во Троа, Алекс Перен, во телефонски разговор за агенцијата од местото на трагедијата. Децата на возраст од 11 до 13 години патувале со минибусот, во кој покрај возачот имало и воспитувачка се враќале од излет во гратчето Нанжи кога директно се судриле со тешко товарно возило, a во судирот учествувал уште еден автомобил . Исто така, има и неколку лица со тешки повреди. Несреќата се случила околу 15 часот на патот во општината Куртеранж, десетина километри југоисточно од Троа, се наведува во соопштението на префектурата Обе, во кое се додава и дека на местото на несреќата веднаш пристигнале спасувачки екипи кои сé уште се присутни,а делницата е во прекин.По повод несреќата францускиот претседател Франсоа Оланд веднаш изрази сочувство до семејствата на жртвите и во соопштението наведува дека веста ја примил со „големи емоции“ и оти очекува „целосно расветлување на причините за оваа трагедија“. Министерот за внатрешни работи Мануел Валс, исто така, изрази сочувство до семејствата и роднините на жртвите „кои се соочуваат со ужасна болка“, изразувајќи им поддршка на повредените. /крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

