Црна хроника
Сириски мигранти ограбени во велешко
Во петокот при патролата во патничкиот воз број 630 кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, а по тргнување на возот од железничка станица Згрополци кон железничка станица Велес, пронајдени се две лица сириски државјани A.A. и A.M.Б., кои се пожалиле дека истиот ден во 6 часот часот во велешкото село Згрополци, од страна на четири лица облечени во цивилна им била извршена кражба.
Во петокот при патролата во патничкиот воз број 630 кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, а по тргнување на возот од железничка станица Згрополци кон железничка станица Велес, пронајдени се две лица сириски државјани A.A. и A.M.Б., кои се пожалиле дека истиот ден во 6 часот часот во велешкото село Згрополци, од страна на четири лица облечени во цивилна им била извршена кражба.
Имено, лицата ги сопреле илегалците и истите се претставиле како полициски службеници, при што им извршиле пребарување по облеката и им одзеле две илјади евра. По извршената кражба истите биле упатени на железничката станица Згрополци за да се качат во возот со број 630 кој наводно сообраќал кон Србија. Подоцна сириските државјани се пренесени во прифатниот центар за натамошна постапка./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

