Црна хроника
Скопјанец провавил во домот на сосетката и ја силувал
Дваесет иседумгодишен скопјанец провалил во домот на неговата сосетка и откако физички и психички ја малтретирал, ја силувал, соопшти Министерството за внатрешни работи. Силувачот е идентификуван и уапсен.
Настанот се случил на 18-ти овој месец, околу еден часот по полноќ, кога М.Л. (27) влегол преку прозорецот од кујната во домот на неговата 44-годишна сосетка. Тој ја чекал да дојде во кујната и и пришол позади грб, и ја затворил устата со рака и ја одвлечкал во спалната соба.
Таму прво околу 30-тина минути психичи и физички ја малтретирал, нанесувајќи и телесни повреди по главата и телото, а потоа присилно извршил обљуба врз неа, при што цело време додека траела обљубата и ја држел устата затворена со рака, а со другата ја давел. По речиси 40-минутното, психичко, сексуално и физичко малтретирање, напаѓачот не си заминал, а жртвата успеала да го убеди да ја пушти да оди во тоалет, на што истиот се согласил, а таа го искористила моментот и преку надворешните скали од куќата се качила кај мајка и, која живее на првиот спрат од куќата, од каде повикале полиција.
Силувачот бил уапсен и против него е поднесена кривична пријава за „силување“.
Инаку, М.Л.и претходно е кривично пријавуван како сторител на деликти проследени со насилство, имотни деликти, нарушувања на јавниот ред и мир, како и сообраќајни прекршоци предизвикано од управување под дејство на алкохол.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

