Црна хроника
Скопјанец со фалц документи земал кредит од банка

Дваесет и осумгодишен скопјанец преку измама успеал да извлече 120.000.00 денари од Стопанска банка, соопшти полицијата.
Измамникот Ј.Р. на ден 29.07.2014 и 15.09.2014 година со намера за себе да прибави потрушувачки кредит и кредитна картичка од Стопанска банка, употребил две фалсификувани потврди за редовен работен однос и нето плата. Од страна на банката му бил одобрен и исплатен кредит во износ од 120.000.00 денари, за кој износ ја оштетил банката. Против него е поднесена кривична пријава против Ј.Р. (28) поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „Фалсификување исправа“ и „Измама при добивање кредит или друга погодност“. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.