Црна хроника
Скопјанец злоупотребил лични податоци на корисничка на Фејсбук и објавувал недолична содржина

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 37-годишниот О.В., за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 37-годишниот О.В., за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Пријавениот во период од неколку месеци незаконски прибавил лични податоци на оштетената Л.Ш. на социјалната мрежа Фејсбук и истите активно ги користел во повеќе наврати при што направил злоупотреба на нејзините лични податоци на интернет, односно пристапувал на нејзиниот профил и од истиот објавувал разни објави и фотографии со недолична содржина.
По пријавувањето на случајот од страна на оштетената извршена е истрага од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика по којашто е извршена анализа на добиените ИП, кога е извршена злоупотреба на личните податоци, и воедно утврдени се повеќе ИП адреси со точно време и дата кои по анализата наведуваат дека корсник на истите бил пријавениот О.В., додаваат од МВР./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.